ВИДЕО – Во прилепската болница недостасуваат 30-тина специјалисти, Филипче ветува нови вработувања и специјализации

Состојбата со стручен кадар во прилепската болница е катастрофална. Недостигаат минимум 30-тина специјалисти за нормално функционирање. Ако продолжи вака постои опаснот и од затворање на цели одделенија поради немање на лекари. Болницата во моментов бара вработување на 70 лекари, медицински сестри и болничари.

 

 

 

 

„Во прилепската болница, како и во сите други јавни здравствени установи недостасуваат кадри скоро во сите одделенија и она што е приметливо е дека возраста на персоналот, особено лекарите во сите одделенија е прилично висока и голем дел од нив се спремни за заминување во пензија. Се надеваме дека дел кои ќе бидат способни и ќе останат поради недостатокот. За оваа тема се разговара и во Министерството за здравство. Инаку недостасуваат лекарии на сите одделнија, на очно тројца, на гинекологија тројца, на хирургија остануваме само 5 лекари, и на ортопедиија има 5, а за некоја година ќе бидат само двајца. Голем е недостатокот скоро во сите дејности. Незнам како ќе оди надминувањето на тој проблем, еве Министерството прави сега некоја стратегија“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Богоески рече дека во однос на опремата во болницата се правеле големи напори да се обезбедат потребните апарати. Дел од таа опрема ја добиле со донацијата од Шведска како колоноскопот кој долго време го немало во болницата.

 

„Добивме исто така и мобилен рентген апарат за потребите на ортопедија. Потребен ни е нов дигитален рентген апарат, имаме еден таков, но мора да се има покритие,  бидејќи тој е стар повеќе години. Во преговори сме со министерот за набавка на нов дигитален рентген апарат. Магнетна резонанца како метода за дијагностика ни е исто така потребна, но моментално не можеме да ја набавиме и ги користиме услугите од битолската болница. Има недостаток од поситни апарати, се опремивме со пациент монитори, набавивме апарат за анестезија, плазма стерилизатор, во тек е процедура за набавка и на апарати за физикална терапија, а нии недостасуваат и ЕХО апарати“, велии Богоески.

 

Министерот Филипче кој денеска ја посети прилепската болница истакна дека до крајот на овој месец директорите на клиниките и општите болници требале да достават стратегија за развој на своите установи.

 

„Разговаравме за потребите за примање на дополнителен кадар. Веќе одредена бројка е дозволена од Министерството за финансии. Како што тоа го направиивме во сите јавни здравствени установи, од јануари до сега се приимени 2.200 лица. На мината седница на Влада помина измената програната за специјализации и сега прилепската болница ќе добие потребни специјализации врз основа на проценката во која специјалност недостасуваат кадри. Насекаде низ Македонија има сериозен недостиг на кадар во јавните здравствени установи. Исто така се наметна проблемот за ментори за одредени специјалности. До крајот на овој месец директорите на клиниките и општите болници треба да достават стратегија за развој на своите установи. Со тоа точно ќе се знае со колкав број на специјалисти во момемтов располагаме, на која возраст се, каква опрема за соодветна специјалност има и се користи, какво е знаењето на тамошните доктори и како ние ќе направиме проекција за понатаму колку доктори од таа специјалност ќе бидат примени на работа и ќе се упатата на специјализација“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

 

Било разговарано и тоа болницата во иднина да добие нова енергетски ефикасна фасада, комплетно да биде реконструирано гинеколошкото и неонаталошкото одделение и болницата да добиие нов дигитален рентген апарат.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи