Интензивна дипломатска поддршка пред референдумот – Могерини и Мичел денес во посета на Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Интензивните посети на претставници на меѓународната заедница продолжуваат како се приближува датумот за референдумско изјаснување за името на државата.

 

Денеска во посета на Македонија се шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, американскиот помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Арон Вес Мичел. Тие се среќаваат со државниот врв и со претставници на опозицијата.

 

Могерини ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“. Високата претставничка потсети дека го поздравува „историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, согласно „зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

 

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Мичел, пак, како што соопшти Стејт департментот, ќе има средби со премиерот Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември. Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американската поддршка за приклучувањето на Македонија во западното семејство, се наведува во соопштението.

 

Изминатите денови на интензвивна дипломатска активност  во Скопје престојуваа и изразија поддршка за успешен референдум германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, австрискиот канцелар Себастијан Курц, министерите за надворешни работи на Луксембур и на Холандија Жан Аселборн и Стеф Блок, а поддршка дојде и од високи претставници на повеќе земји од регионот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи