Керим и Станисављева на распит во СЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

Првите луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева, денеска беа на распит во Специјалното јавно обвинителство да дадат исказ во рамки на истрагата,  што ја води обвинителството за финасиските злоупотреби во компанијата од страна на тогашните први луѓе, во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински“.

 

Нивниот бранител рече дека сѐ уште не им се презентирани доказите, а процесот е во предистражна постапка. Неофицијално осомничени се за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители, поврзани со работата, односно падот на МПМ и згаснувањето на дневните весници, Утрински весник, Вест и Дневник.

 

Додека на вработените во весниците им доцнеа платите и надоместоците, во јавноста излезе документ, односно анекс договор дека директорката Јана Станисављева земала месечна плата од 25.000 евра во денарска противвредност. Стотина медиумски работници минатата година останаа без работа отакако МПМ влезе во стечај.

 

Постапка за финансиските злоупотреби во МПМ отвори ОЈО Скопје, откако кривична пријава поднесе Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија. Надлежноста за испитување на евентуален економски криминал ја презеде СЈО бидејќи потекнува од прислушуваните разговори.

 

Oбвинителството ги проверувало финансиските исплати во време кога весниците згаснуваа поради финансиска криза, а сомнежите се проверуваа преку Одделението за компјутерски криминал во МВР.

 

Истражители на СЈО минатата година влегоа во просториите на МПМ, чиј сопственик до пред истрагата беше Графички центар Скопје , кој беше во сопственост на Орка Холдинг на Орце Камчев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи