Битолчанец убиен со 4 куршуми, па потоа запален кај прилепско Беловодица

Според засега сеуште неофицијални информации околу 16,30 ч. било пријавено дека кај прилепското с. Беловодица на патот гори непознато лице.

 

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Станува збор за А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани четири прострелни рани во телото.

 

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. По насоки на ЈО, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Повеќе детали околу овој настан се очекуваат утре.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien