ВИДЕО – Николовски најави наскоро обесштетување од јулското невреме кое го зафати прилепско

Општина Прилеп денеска го завршила елаборатот за проценка на штетите од јулското невреме, кој изнесува 3 милиони евра и истиот ќе бил испраен до второстепената комисија на Влада. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, истакна дека по спроведувањето на сите постапки на ниво на комисијата и проценките од бирото за судски вештачења Владата за многу брзо време ќе ги обештела земјоделците.

 

 

„Како што ја забрзавме постапката за исплата на штетите и ја затворивме за 2017 година и овде станува збор за постапка која што е во целост испочитувана од страна на законот. Нема неправилности, ниту нејаснотии, како што се случуваше во 2015 и 2016 година кои ги наследивме и сметам дека оваа работа брзо ќе биде завршена и граѓаните ќе бидат обештетени согласно со владините одлуки“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

 

Николовски потенцираше и тоа дека законот за тутун целосно бил завршен од страна на комисијата и се очекувале последните мислења за да влезе во Владина процедура. Со законот се создавале низа административни олеснувања за тутунопроизводителите при аплицирањето за договори како укинувањето на евидентните листови. Законот се носел со поддршка на сите засегнати чинители.

 

„Тутунарите со овој закон добиваат олеснети администратиивни процедури, нема потреба да одат во подраччните единици, нема да се создаваат сите тие гужви и проблеми, затоа го преземавме овој чекор кој е дел од владината програма за укинување на евидентни листови, ќе има низа административни олеснувања, објавувања транспаретно на договорите до 28 февруари, низа обврски за откупувачите, за местата каде што треба да се отвораат откупни пунктови, нови мерила по кои ќе се спроведува целокупната постапка… Овој закон е усогласување со европските регулативи во делот на производите кои произлегуваат од тутунот. Станува збор за сосема нов закон кој детално и прецизно е изработен, законот се носи со поддршка на сите чинители“, рече Николовски.

 

Николовскии рече и тоа дека Владата водела посебна грижа за тутунопроизводителите преку зголемени субвенции.

 

„Токму преку оваа значајна земјоделска гранка годишно обезбедуваме 100 милиони евра девизен прилив. Затоа Владата ја донесе историската и значајна одлука за зголемување на субвенциите. Го воведовме концептот и моделот на субвенционирање на три нивоа, за прва класа 80, за втора 70 и 60 денари за килограм за трета, четврта и за дополнителните класи. На тој начин дополнителни пет милиона евра е зголемувањето на субвенциите кои ги добија тутунопроизводителите, почнувајќи од оваа година. Навремено на тутунарите им беа исплатени 28 милиона евра, кога им се најпотребни на 26.000 семејства“, изјави Николовски.

 

Оцени и дека последната реколта е историски највисока, а се постигна цена од 217 денари за килограм откупен тутун.

 

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека заедно со министерот, ќе остварат средби со населението од регионот погоден од невремето, а ќе ги поселе и населените места Канатларци, Мало и Големо Коњари.

 

„Ќе ги посетиме и Галичани и Кадини село, каде на 23-ти јули се случи природна непогода при што од градот беа оштетени земјоделските култури, каде со земјоделците ќе разговараме за штетите кои ги претрпеа. Како што знаете, Советот на Општина Прилеп формираше комисија која ги разгледа поднесените 1.315 пријави за оштетени култури и која записниците ги испрати до Министерството за земјоделство. За прв пат од постоењето на локалната самоуправа, Општина Прилеп ќе издвои буџетски средства за обештетување на дел од штетите направени од невремето. Иако тие средства нема да ги обештат целосно, сепак во голема мера ќе придонесат за задоволување на основните потреби за припрема на следната реколта“, изјави градоначалникот Јованоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien