Левица : Бојкотот на референдумот е најсоодветно и најдостоинствено решение

Локалниот огранок на Левица – Прилеп ги повикува своите симпатизери и сите останати граѓани да го бојкотираат референдумот за промена на уставното име на Републиката, со цел зачленување во империјалистичкиот сојуз НАТО кој нема да донесе никаков бенефит за населението. Велат во денешното соопштение од Левица – Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Вистинските позитивни промени за граѓаните можат да дојдат само преку законски промени и решенија кои директно ќе го подобрат стандардот на осиромашеното население, но и другите услуги во нашата земја.

Моменталнава Влада го има потребното парламентарно мнозинство за да ги донесе овие промени, но тоа што отсуствува е политичка волја да му се помогне на осиромашениот народ и продолжувањето на политиките на Никола Груевски за привилегирање на елитите додека населението осиромашува.

Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации“, велат од Левица – Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien