Осум милиони евра на располагање на општините за инфраструктурни проекти

Од денеска сите општини ќе може да аплицираат за нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската Банка.

 

Со овие осум милиони евра, општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и други проекти.

 

„Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно, тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на култура, општински згради итн. Ова се реални проекти, со реални вредности за граѓаните“, истакнал министерот за финансии Драган Тевдовски.

 

Преку проектот за подобрување на општинските услуги, се подвлекува, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien