ВИДЕО – Полицаец од Битола е сторителот на грозоморното убиство кај прилепско Беловодица

23 годишниот полициски службеник од СВР Битола Е. Т. е убиецот на 36 годишниот Бекир А. од Битола кој вчера грозоморно беше убиен кај прилепското село Беловодица. Според првичните информации полицаецот прво го погодил сега починатиот со 4 куршуми, а потоа и го запалил. Убиецот веќе е уапсен.

 

 

Од Јавното Обвинителство од Прилеп потврдија дека кај убиениот биле утврдени четири прострелни рани во телото, а истото било опожарено кај главата. Сепак можело да се препознае, а кај убиениот имало и лични документи за идентификација. Покрај убиениот биле пронајдени 4 чаури и едно зрно од огнено оружје, како и повеќе траги од автомобили.

 

Телото како гори на средината од селскиот патот го пронашол случаен минувач од Прилеп, кој според првичните информации одел на рибарење во блиското езеро.

 

Сопругот на Блага Мицевска, жител на селото Беловодица, вчера бил во близина на местото, но само слушнал истрели. Помислил дека се ловџии или дека пука нешто сосема друго.

 

„Сопругот бил со кравите во близина каде е пронајдено телото, слушнал пукање 5-6 пати, но воопшто не помислил дека се случува нешто лошо. Си ги прибрал кравите и со дошол дома, не ни отишол кај патот. Што се случило јас и детето разбравме кога се враќавме вечерта дома. Тука имаше многу полиција“, вели Блага Мицевска жител на селото Беловодица.

 

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. По насоки на ЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот и мотивите за убиството.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien