ВИДЕО – Наместо да го платат данокот на добивка компаниите може да го донираат во спортот

Сите компании кои ќе донираат финансиски средства во спортот, а кои спортски клубови или поединци ги исполнуваат условите на законот за спорт, можат да користат даночни поттикнувања. Ова денеска во Прилеп го истакна раководителот на секторот за услуги на даночни обврзници и даноци во Генералната дирекција на УЈП, Мухедин Авдиќ на презентацијата на Законот за спорт. Тој нагласи дека даночните поттикнувања се движат од максимум 50%, до 5%, во зависност од кој вид на спорт се работи.

 

 

„Во суштина донираните средства се ослободуваат на тој начин што даночниот обврзник има право на намалување на данокот на добивка за целиот износ на донираните средства но максиимум до процентот пропишан со законот. Тоа значи дека ако даночниот обврзник има висока добивка може да ги искористи и 100 % донираните средства, односно на ииндиректен начин, наместо да го плаќа данокот на добивка во буџетот може да го донира во спортот. Доколку одреден даночен обврзник има финансиски резултат во билансот на успех 5.000.000 денари, а донираните средства во спортот, да речеме во ракометен клуб, изнесува 100.000 денари, даночна основица ќе претставува 5.100.000 денари. Ако пресметаме дека даночната основица ќе се помножи со 10 отсто, тоа значи дека 510.000 денари претставува пресметан данок на добивка. Ако овој данок го помножиме со 40 отсто, односно со максимално дозволениот процент на даночно поттикнување кај ракометните клубови, ќе произлезе дека максималното искористување изнесува 204.000 денари. Бидејќи во конкретниот случај даночниот обврзник донирал средства во висина од 100.000 денари, тоа значи дека во овој случај ќе бидат искористени 100 отсто од донираните средства, како намалување на пресметаниот данок на добивка“, потенцираше Авдиќ.

 

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека бизнис секторот мора да биде во тесна корелација со спортот.

 

„Затоа што треба да си помагаме меѓусебно. Спортот ни е главен амбасадор и во европски и во светски рамки. Спортистите треба да ги негуваме и да им помагаме. Сепак бизнис заедницата сметам дека треба да бидие во тесна корелација со спортот и со спортските работници и тоа да се развува и понатаму. Ако си ја сакаме државата ќе мора да помагаме и во спортот и во културата и во сите други јавни дејности“, истакна Лукаревска.

 

Градоначалникот Јованоски рече дека со ова компаниите ништо нема да загубат, туку ќе покажат желба да им помогнат на спортските клубови.

 

„Суштината на Законот е по пат на ваучери, еден дел од ДДВ-то кое компаниите треба да го платат, да им го уплатат на спортските клубови. Со тоа компаниите ништо нема да загубат, туку ќе покажат желба да им помогнат на спортските клубови и на спортистите поединечно“, изјави Јованоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien