Заев: Посетите од нашите искрени пријатели се мотивација за нашата држава

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со американскиот секретар за одбана, Џејмс Матис се заблагодари за поддршката од САД за нашата држава и изјави дека Македонија нема алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО.

 

„Поддршката од САД е секогаш тука и тоа е охрабрување. Посетите од нашите искрени пријатели се мотивација за нашата држава. Значаен е интересот што Матис го искажа за домашните прашања. Водиме политики за обезбедување на политички фактори за ова прашање. Почестени сме од вашата посета што САД ја дава во континуитет. За Република Македонија нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и НАТО“, истакна Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien