Од Легионерска болест 400 луѓе завршија во болница во Италија

Две лица починаа, а 400 луѓе завршија во болници со воспаление на белите дробови поради Легионерска болест добиена од разладни уреди за вода во северна Италија , потврдија  официјални лица.

 

Испитувањата покажале дека од 10 анализи од три постројки во најпогодените градови, девет биле позитивни на бактеријата Легионела.

 

Шефот на ломбардиската социјална служба Џулио Галера најави програма за чистење.

 

Вкупно 405 луѓе се хоспитализирани со воспаление на белите дробови од почетокот на појавата на болеста во почетокот на месецот, а 42 се позитивни на Легионерската болест.

 

И клима уредите можат да бидат  причина за смртносната Легионерска болест. Особено во поголеми простории каде што има многу луѓе. Најчесто тоа се болници, трговски центри, банки, а овие уреди не се проверуваат толку често.

 

Лекарите велат дека кога легионелата ќе навлезе во човечкиот организам, предизвикува грозница, кашлање, главоболка, дијареа, оштетување на јетрата, и пнеумонија, а доколку се искомплицира може да настапи смрт.

 

Клима уредите треба редовно и правилно да се чистат, предупредуваат лекарите. Климите можат да бидат извор и на коксаки вирусот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien