Презентација на водечките руски високообразовни институции

Заинтересираните што сакаат своето образование да го продолжат во Русија, денеска и утре може да се информираат за програмите на сите степени на образование (додипломски, постдипломски, специјалистички и докторски студии) на водечки руски универзитети и за стипендиите за странски студенти кои ги доделува Руската Федерација.

 

Саемот со презентации на образовните програми на неколку руски универзитети се одржува во НУБ „Св. Климент Охридски“. Организан е од претставништвото на Россотрудничество во Скопје и Russia.Study – Агенција за соработка во образованието преку која се достапни 500 универзитети со програми за странски студенти вклучително и од Македонија.

 

Советникот за култура во Руската амбасада Александар Алексеев рече дека покрај образвните програми, на саемот може да се добијат иноформации и за стипендиите кои секоја година ги доделува Русија.

 

„Владата на Русија во 2004 за македонските граѓани доделуваше пет стипендии и тие се многукратно зголемени зашто во 2018 бројот порасна на 40“, рече Алексеев на отворањето на саемот насловен  „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“.

 

Зборувајќи за системот на високо образование во Русија, Велимир Стојковски, почесен конзул на Русија во Македонија  и претставник на Рускиот центар при УКИМ, истакна дека во таа земја сериозно се инвестира во високото образование и науката и дека не е случајно што  руските универзитети се секогаш меѓу првите 500 на сите светски ранг-листи. Меѓу водечките го посочи „Ломоносов“ во Москва основан во 1755 но, рече, денес во Русија постојат околу 1100 универзитети.

 

„Условите за упис и условите за студирање се прилично ригорозни и на тоа се должи и високиот квалитет на студирање. Русија е меѓу првите десет земји во светот по инвестиции во образованието, со високи 4,9 проценти од БДП. Водечките руски универзитети добиваат и дополнителни субвенции од државата и во последните шест години првите 40 универзитети имаат добиено 1,8 милијарда евра за развој“, рече Стојковски, додавајќи дека УКИМ има традиционално добра соработка со руските универзитети и досега има потпишано 14 билатерални договори.

 

Артјом Румјанцев, претставник на Россотрудничество во Скопје, рече дека работат во многу сфери, а во областа на образованието тие го прават изборот на кандидатите за студирање во Русија. Сите информации ги има на официјалната страница на нивното претставништво во Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien