Сè подлабок раскол во православието, можно е и крвопролевање

Руската православна црква ги прекина дипломатските односи со Патријаршијата во Цариград, која претставува центар на православната духовност за повеќе од 300 милиони православни христијани во целиот свет.

 

Причината за тоа е предлогот  Цариградската патријаршија да ја признае Украинската православна црква како независна од Руската, во чиј состав беше досега.

Многу украински христијани го одбиваат духовното водство на московскиот патријарх Кирил, бидејќи тој ги поддржувал руските бунтовници и сепаратисти во источниот дел на земјата.

 

Кремљ изјави дека нема да се меша во конфликтот во православната црква.

 

Сепак, давањето автокефалност на канонски непризнаената украинска црква може да доведе до напади врз манастирите и конфликти во нив, рече митрополитот Иларион.

 

„Давањето автокефалност на Киевската црква ќе доведе до крвопролевање“, предупреди митрополитот Иларион, претседател на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија.

 

Тој ова го изјави во екот на спорот меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија, која е на пат да ја признае автокефалноста на канонски непризнатата Киевска патријаршија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien