ВИДЕО – Прилеп доби Дневен центар за лица со церебрална парализа

Прилеп го доби вториот дневен центар во Македонија за деца со церебрална парализа каде ќе бидат згрижени 50-тина лица, по половина во смена, а кои тука ќе престојуваaт по 8 часови во текот на денот. Бранка Пројческа е родител на дете со церебрална парализа, а воедно е и вработена во овој центар. Вели дека од оваа инвестиција најголем бенефит ќе имаат децата.

 

 

„Се надевам дека децата тука ќе најдат втор дом, најпрвин ќе добиијат топлина и грижа, а потоа едукација и социјализација, работа со стручни кадри, негувателки и сите другии услуги кои им се потребни зависно од нивните пречки кои ги имаат“, истакна Бранка Пројческа, родител на дете со церебрална парализа.

 

Огромна корист ќе имаат и родителите кои досега не можеа да најдат вработување, бидејќи ги чуваа децата по 24 часа на ден. Загорка Крстеска е мајка на дете со церебрална парализа кои има завршено правен и економски факултет и две магистратури и нејзиното дете ќе биде вработено во центарот.

 

„Овие што се родители на деца што се во колички ии за нив ќе биде големо олеснување“, рече Загорка Крстеска, родител на дете со церебрална парализа.

 

Министерката Царовска и здруженија на лица со хендикеп порача во иднина центарот да има повеќе заеднички активности со другите институции.

 

„Треба и лицата од Дневниот центар да ги изнесе во општеството, но и општеството да влезе во ваквите дневни центри. Да имаат заеднички активности со детските градинки, со старските домови, со пензионерските клубови, затоа што само така може да создадеме едно општество кое има разбирање и е посветено на инклузија на сите групи на граѓани“, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

 

„Не правете ги сервисите за нас, направете ги за вас, само така може да имаме достоинствен и праведен живот“, кажа Елена Кочоска, Полио плус, движење против хендикеп.

 

За овој проект, Општина Прилеп инвестираше над 4 милиони денари, а на почетокот во Центарот ќе бидат вработени 7 мина.

 

„Дел од тие родители кои се стручно оспособени ќе бидат и вработени во дневниот центар“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Центарот ќе функционира како дел од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien