Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на одлуката за референдум

Facebook
Twitter
Email
Print

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

 

За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.

 

Судијката известител во Уставниот суд, Елена Гошева на денешната седница побара поведување постапка и времени мерки. Гошева ова го аргументирала со тоа дека референдумското прашање е двосмислено, нејасно, содржи 8 можни одговори.

 

„Во одлуката не е наведен целиот назив на спогодбата со Грција, никаде не е наведено дека се менува името на државата во Република Северна Македонија. Референдумското прашањето е непрецизно, збунувачко, нејасно и сугестивно. Станува збор за три прашања за кои има осум можни одговори и треба да има три посебни гласачки ливчиња.  Договорот е неуставен и  министерот Димитров нема мандат да склучува вакви договори“, наведе меѓудругото  судијката Гошева во своето излагање.

 

Воведување на времени мерки, значи прекинување на сите подготовки за спроведување на референдумот, активностите на ДИК, на Владата, на Собранието и целата кампања.

 

Судијата Дарко Костадиновски пак рече дека одлуката на Собранието за одржување на референдумот, имала недостатоци, но тоа не ја прави неуставна.

 

Подносителите сметаа дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараа Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи