ВИДЕО – Дали наскоро Маркови Кули ќе биде ставено на постојаната листа на заштита на УНЕСКО ?

Дали после Охрид биогеографската целина Маркови Кули ќе биде следниот регион во Македонија кој ќе биде ставен на постојаната листа на заштита на УНЕСКО ? Маркови Кули веќе 15 години е на привремената листа на заштита на оваа меѓународна организација, а идејата е во наредниот период да се направи тој потребен спој на природното и културното наследство.

 

 

„Изнесувајќи го културното богатство во овој регион кој што траел од праисторијата па се до денес, заедно со биогеграфската целина ќе се направи првиот чекор кој може да помогне во добивањето на еден документ со кој што ќе може да се излезе пред УНЕСКО“, истакна д-р Елеонора Петрова, директор на Управата за заштита на културното наследство.

 

Според експертите Маркови Кули е уникатна светска појава, која заслужува и светска заштита, која пак од друга страна ќе донесе и развој на туризмот и економски бенефит.

 

„Иако кај Маркови Кули се забележуваат културни знаменитости, како што се цркви, манастири, кули, тука пред се е самиот релјеф и природа кои се уникатни во светски рамки. Ако Маркови Кули се стави под постојана листа на УНЕСКО, Маркови Кули ќе има туристи колку Охрид во една сезона“, кажа проф д-р Драган Колчаковски, природно-математички факултет.

 

Во Прилеп се одржува научна средба за Марковите Кули на која свои излагања ќе имаат повеќе експерти и научници од земјава.  Организатор е Институтот за старословенска култура од Прилеп, а ќе се направи публикување на рефератите од присутните во научно списание.

 

„Во практична смисла тоа ќе ни помогне да го заокружиме планот за управување со биогеографската целина што во суштина е устав на заштитениот простор и второ ни дава основа за подготвување на досие за номинација на постојаната листа на УНЕСКО“, изјави д-р Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура.

 

После превземањето на овие чекори за брзо време се очекува отпочнување на постапката за влегување на постојана листа на УНЕСКО.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи