ВИДЕО – Нов проект на ЛАГ Агро Лидер, поддржан од УСАИД, кој ќе ја зголеми продуктивност и конкурентност кај фармерите

Во селото Радобор, Општина Могила, денеска се потпиша меморандум за соработка помеѓу Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје кои отпочнаа иницијатива преку која на македонските сточари ќе им се обезбедат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност. Една од овие услуги е професионален софтвер кој ќе служи за потребите на сите чинители на секторот – од фармери и ветеринари до млекари и општи клиники. Овој софтвер ќе ги содржи сите релевантни податоци за ветеринарните услуги и здравјето на животните на фармите, што е особено значајно за квалитетот на фармерските прехранбени производи и јавното здравје. Проектот финансиски е поддржан од УСАИД.

 

 

 

„УСАИД неколку години го поддржува формирањето на Локалните акциски групи кои се дел од еден пристап на ЕУ за локален рурален развој. ЛАГ Агро Лидер е една од првите вакви организации формирана во 2014 година и од тогаш до денес работат со приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор на спроведување на развојни иницијативи, особено на подобрување на продуктивноста на фамермерите во регионот. Оваа заедничка иниицијатива на ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарниот факултет и Ветеринарната комора на Македонија е еден проект кој беше идентификуван заедно со фармерите и беше направен за да ги адресира нивните потреби и е пример за тоа како локалната заедница може да придонесе за развој. Ова е една иницијатива која потекна од заедницата и е наменета за заедницата и како таква е пример како локални организации може да се обединат за да се развива еден регион“, изјави директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез.

 

 

Од ЛАГ Агро Лидер рекоа дека тие ја имале честа да бидат еден од грантистите за развој на деловниот екосистем кој што е поддржан од УСАИД и ќе работиле во полето на продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери поради тоа што пелагонискиот регион бил најпознат токму по сточарството.

 

„Голема благодарност и до Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје кои излегоа во пресрет да бидат соработници во воведувањето на нови советодавни услуги, нови методи се со цел внесеме добри практикии, да го зголемиме знаењето и навистина да направиме позитивен импакт во она што треба да биде сточарство денес и да се зголеми продуктивноста, а со тоа би се зголемил и приходот кај самите фармери што директно влијае на локалната економија и на национално и на регионално ниво. Заедно со комората ќе работиме во изработка на интегрирана ветеринарна програма која што ќе има за цел да го промовира концептот за ЕНО здравје, воведување на добри практики на исхрана на домашните животни, подобрување на генетииката и воведување на нов модел на заедничка соработка на фармерите се со цел меѓу себе да споделуваат знаење и искуства“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ Агро Лидер.

 

 

 

 

 

 

Од Ветеринарната комора на Македонија рекао дека Ветеринарната струка е тесно поврзана со фармерскиот сектор и тие се во една заемна корелација.

 

„Денес имаме можност да присуствуваме на една успешна фарма. Секогаш зад секој успешен проект во фармерското производство мора да стои добро устроена ветеринарна струка затоа што таа една од најважните алки во вредносниот систем во сточарското производство, а тоа е здравствениот статус и здравствената исправност на храната, која што значи императив. А друга работа е тоа дека без нови успешни технологии во фармерското производство живејќи во овој свет на глобализација каде конкуренцијата е немилосрдна неможеме да држиме чекор со развиените економии“, рече Томислав Николоски, претседател на Ветеринарната  комора на Македонија.

 

Факултетот за ветеринарна медицина се вклучувал за да направи трансфер на знаења од теоријата и практиката .

 

„Со цел зголемување на продуктивноста на фармерското производство преку имплементирање на најсовремени протоколи за вештачко осеменување со употреба на најсовремени средства во проектот меѓу другиите е вклулен и колега кој штотуку се врати после својот повеќе месечен престој во САД за да новите знаења кои ги стекна таму да ги имплементира тука“, потенцираше проф. Благица Сековска, на катедрата за економија и менаџмент при Ветеринарниот факултет од Скопје.

 

 

 

Договорот за овој проект се склучи на фармата на Пеце Шамбевски, фармер од село Радобор, кој поседува околу 160 грла на добиток. Шамбевски рече дека за него оваа соработка била почеток на нешто ново за кое мислел дека ќе оди во добра насока со УСАИД, затоа што и претходно, пред 5 години, имал добро искуство со УСАИД со системите капка по капка.

 

„Во моментов имам 160 грла од кои сиите се пуштени слободни, без да се врзани со синџир кравите и има голем бенефит од сето тоа. Произведувам 2,5 тони млеко на ден, некаде околу 8,5 тони по крава на годишно ниво. Ако современо се одледуваат и стручно се работи мислам дека се преживува. Ако се работи според старите начини на чување на добитокот, прво е тешто, второ квалитетот е послаб така што мора да се осовременуваме ако сакаме да бидеме конкурентни“, кажа Пеце Шамбевски, фармер од село Радобор.

 

„Општина Могила се наоѓа во пелагонискиот регион, примарна дејност е земјоделието, а секако тука не заостанува ниту сточарството. Од 180 активни фирми поголемиот дел се занимаваат со фармерска дејност. Веруваме и се надеваме дека ќе се воведат нови практики кај фармерите и дека ќе се зголеми конкуренциијата на пазарот“, Јасмина Гулевска, градоначалник на Могила.

 

Проектот на УСАИД започнат во 2017 година за развој на деловниот екосистем цели кон зголемување на продуктивноста, приходите и работните места кај микро, малите и средните претпријатија во Македонија. Проектот соработува со бизнис асоцијации и комори, финансиски институции, тренинг центри како и компании кои сакаат да ги развијат своите синџири на добавување.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien