Македонската параглајдинг репрезентација, составена само од прилепчани, 5-то место на Европското првенство

Македонската параглајдинг репрезентација во прецизно слетување, составена од прилепчаните Миле Јованоски, Борјан Јованоски, Мартин Јованоски, Кристијан Темелкоски, Адам Спиркоски и Александра Увческа и Златко Спиркоски како jury member делегат на FAI  на натпреварот екипно го освои 5-тото место на Европското првенство во прецизно слетување кое се одржа во Кобарид, Словенија. На првенството се натпреваруваа 111 учесници од 24 земји.

 

Најзаслужни за овој резултат се секако се тројката Миле Јованоски, Борјан Јованоски и Мартин Јованоски. Најдобро пласиран Македонец е Борјан Јованоски кој го освои 7-мото место во Европа. Прилепските параглајдеристи велат дека конкуренцијата била многу силна.

 

Првото место го освои Словенија, 2-рото Чешка, 3-тото, Србија, 4-тото Романија, -5-тото Македонија, 6-то Франција.

 

Следното Светско првенство ќе биде во  Вршац, Србија во 2019 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien