ВИДЕО – Димитров : Македонското прашање секогаш го решавале  други, без да не прашаат нас, овој пат ние бевме на масата

Македонското прашање секогаш го решавале  други, без да не прашаат нас, овој пат ние бевме на масата. Кажавме ние сме Македоци кои зборуваат македонски јазик, тоа неможе никој да ни го оспорува во 21 век. Истакна на денешната трибина во Прилеп министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој нагласи дека можеби како никогаш досега во нашата историја нашата иднина зависела од нас самите. Според Димитров минатото било важно, но неможело да се смени, се менувала само иднината, а се учеле лекциите од минатото.

 

 

„Нема лидерство и нема патриотизам без решавање на ако не ги решаваме тешките прашања. Што е патриотизмот, храброст или страв. Вложување на себе во општото или злоупотреба и жртвување на националниот и државниот интерес за личен интерес. Каква генерација ќе бидеме ние ако на овие млади не им дадеме барем пристојна шанса за добар живот и за чесен натпревар со европските деца од другите држави“, истакна Никола Димитров, министер за надворешнии работи.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека гласањето било обезбедено и дека никој неможел да спречи било кој граѓанин да го оствари своето демократко право.

 

„Ги знаеја сите детали, дури и даваа предлози како да го подобриме договорот, но имаше една работа која беше најважна за Мицкоски и ДПМНЕ. А тоа беше да се погодат со СДСМ, со Заев и Владата да имало амнестија за Груевски и неговата компанија. Ако некој смета дека треба да уценува со излезност на референдум за да се пазариме за амнестија на криминалци, нема амнестија за никој“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

 

Професорот Никола Дујовски упати порака до младите да не се сомневале дека ова било вистинскииот пат за нивната иднина.

 

„Тука каде што сте растени, каде што сте се образувале да живеете европски живот, да имате исти соништа како вашиите колеги, студенти од земјите членки на ЕУ“, рече Никола Дујовски, универзитетски професор.

 

Градоначалникот пак на Прилеп, Илија Јованоски, рече членството во евроатланските сојузи ќе донесело и голем економски бенефит за Македонија.

 

„Ќе имаме нови странски инвестиции, повисоки плати, ќе имаме други можности за развивање на стопанството и на крај секако ќе имаме правна држава, каде што законот ќе важи за сите, ние и вие тоа го сакаме“, потенцираше Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

На трибината беше потенцирано дека ако имаме успешен референдум Македонија ќе била членка на НАТО за околу 1 година, а со тоа се заштитувале нејзините граници и се осигирувала безбедноста и иднината на државата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien