ВИДЕО – Над 400 учесници на најдолгиот планински маратон во Македонија – „Krali Marko Trails“ во Прилеп

По 8-ми пат во Прилеп се одржува најдолгиот планински маратион во Македонија „Krali Marko Trails“ или по стапките на Крали Марко . Маратонот е поделен во 3 трки, долги 16 км, 34 км и најдолгата трка „Kozjak trail“ 67 км. Организатор е здружението „Тrex“. Името на најдолгата трка потекнува од највисоката точка на патеката, врвот Козјак 1.747 мнв, кој се наоѓа на точно половина патека, а истата има вкупно висинско качување од 3.600 м.

 

 

 

 

„Крали Марко се одржува од 2011 година. Нис сме здружение Трекс кое активно работи на промоција и развивање на планинското трчање. 8 години имавме успони и падови, но еве денес сме тука кога имаме над 400 учесници од 21 земја. Се посетува овој прекрасен регион, Марковите Кули, врвот Козјак и целата таа интересна архитектура на природата. Во последните години и тоа како има пораст кај луѓето кои сакаат да спортуваат на овој начин“, вели Игор Јовановски, организатор на настанот.

 

Најкратката трка е до манастирот Трескавец, втората трка „Камена Баба Треил” од Трескавец продолжува за Дабница, вештачкото езеро и локалитетот „Камена Баба“ и повторно се враќа преку Маркови Кули во Варош. Најдолгата трка пак ја следи патеката на Камена Баба, но се искачува и до врвот Козјак.

 

„Доста е тешка трката има 3.600 метри искачување. Од опрема, сепак е планина во прашање, секогаш треба да си носиш храна, вода, шушкавец“, вели Катериина Шиповиќ, учесник од Македонија.

 

„Прва планинарска трка во животот ми беше Крали Марко во 2014 година, сме направедувале доста. Првиот пат беше за 12 часа, па 9.5 часа, 7.5 часа, лани освоив 3 место, годинава се надевам дека и подобро ќе движиме“, истакна Дејан Тодевски, учесник од Македонија.

 

Учесниците од странство велат дека се восхитени од униикатниот предел, и поголемиот дел од нив, веќе неколку пати учествувале на Крали Марко Треил.

 

„Трета година по ред сум на Крали Марко, многу интересна траса и затоа пред 2 дена решив дека сакам пак да дојдам и се запишав во последниот момент. Ќе трчам на 67 км. Лани беше 110 км. и беше поубаво. Минатата година тргнавме ноќе, а сега тргнуваме денски и ќе биде жешко. Инаку пределот и природата се прекрасни“, рече Красимир Жеков, учесник од Бугарија.

 

„Минатата година трчав на трката од 65 км. сега таа е 67 км. Уживам да трчам по овие планини и да се забавувам. Теренот е прекрасен, на некои места е тежок и несоодветен за трчање но ние сме упорнии и не се предаваме“, кажа Граниит Вокша, учесник од Косово.

 

„Претспоставувам дека имаме љубов или некаква зависност кон болката, да немаш вода, и да се мачиш кога трчаш, затоа го сакаме ова. Само се шегувам, втора година сум ан овој маратон, возбуден сум што сум повторно тука, организацијата е одлична. Трчам 3-4 години, на ова ме навлече еден мој пријател“, вели Картер Сандерс од САД.

 

„4-та година по ред учествувам на Крали Марко Треил, секогаш со радост се враќам тука. Многу е убав пределот каде се трча, годинава ја трчам најдолгата стаза. Во последно време овие планински маратони се повеќе и повеќе добиваат на популарност на Балканот“, истакна Синиша Станковиќ, учесник од Србија.

 

Оваа планинска трка носи поени за „Ултра треил ду Монт Блан“, кое се смета за неофицијално светско првенство во планинско трчање. За најмладите се одржа и трка долга 1.5 км наречена како „Markukule treil“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien