ВИДЕО – Првата авторска песна и видео запис на „Vinyl Bandits” – „Сенка“

Популарните „Банда бенд”, сега ребрендирани и подновени како „Vinyl Bandits” ја промовираа првата своја авторска песна и видео запис, насловена како „Сенка”.

 

Текстот е на вокалистот Александар Бошкоски, а музиката и аранжманот е на бендот кој го сочинуваат Илија Чакароски (гитара), Александар Бошкоски (вокали), Давид Ангелески (бас гитара) и Христијан Јованоски (тапани). На виолончело гостува и Андријана Дукоска, а во видео записот дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“.

 

Песната е снимена во студиото на Илија Мирчески, микс и мастеринг е на Александар Шилоски, а видео продукцијата Христијан Конески. Осветлувањето и ефектите се на Саша Нацевски, а озвучувањето на сетот на Јордан Чавлески.

 

Песната во петокот официјално беше промовирана под Градскиот часовник во Прилеп, пред многубројна публика.

 

 

 

 

ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА ПРИ ПРОМОЦИЈАТА НА ПЕСНАТА ПОД ГРАДСКИОТ СААТ : 

 

 

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien