ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Во присуство на Оливер Спасовски беше ускратено основното право на политичко дејствување

Вандализмот, анархијата и беззаконието се одраз на немоќ во политиката! Тие се појавуваат кога партиите на власт свесно работат против народот и државата, а за тоа тоа немаат поддршка ни од своите поддржувачи. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„На трибина во Прилеп, во присуство на министерот Оливер Спасовски, беше ускратено основното право на политичко дејствување. Имено беше искршена, демолирана кутија во која требаше да се собираат донации за школување на децата на прилепските функционери, кои безмилосно ги грабаат вашите пари оваа година, иако ви ветуваа дека сите граѓани и деца се исти и ќе дојде живот за сите!

 

Го прашуваме министерот зошто, кога веќе сторителот е познат, не е приведен и нема пријава против него?

 

Дали тоа го направил со ваша наредба и знаење?

 

Зошто уште не е разрешен командирот на ПС во Прилеп, за кој се сомневаме дека нема соодветно образование?

 

Двајцата за кои ве прашуваме седеа во првите редови на трибината на која зборувавте вие, а беше очајно посетена и бојкотирана.

 

Бојкотот кон вас и Владата е заради штитењето на криминалот и антимакедонските, антиприлепските двојазични политики“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien