ВИДЕО – СДСМ : На 30-ти септември гласаме ЗА безбедна, развиена и европска Македонија

Македонија заслужува европска иднина. Прилеп заслужува европска иднина. На 30-ти септември избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во НАТО и ЕУ. Рекоа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„На 30-ти септември, секој глас ЗА носи повеќе странски инвестиции и повеќе приходи за сите граѓани. На 30-ти септември, секој глас ЗА носи повисоки плати и нови работни места.

 

Со вашиот глас ЗА, на 30-ти септември, овозможуваме зголемување на европските фондови за Македонија.

 

Тоа се повеќе пари за земјоделието, за спортот, за инфраструктурата, за патишта, мостови, железници, училишта, градинки.

 

На 30-ти септември заедно го запираме трендот на иселувањето. Младите нема да ја бараат Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие тука во Прилеп, во Македонија.

 

Во Бугарија просечната плата порасна дупло по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали на 5%.

 

Во Романија просечната плата порасна за 400%, а невработеноста се намали на 4%.

 

Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%.

 

Еве ја сега и нашата шанса. Имаме историска можност да станеме дел од европското семејство. Да станеме рамноправни со најсилните земји во светот.

 

Затоа, сега е времето да се обединиме, да се издигнеме над сите партиски, лични и други интереси.

 

На 30-ти септември гласаме ЗА безбедна, развиена и европска Македонија“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien