ВИДЕО – Се асфалтираа улиците Кеј „9-ти Септември“ и Кеј „1 Мај“

Се асфалтираа улиците Кеј „9-ти Септември“ и Кеј „1 Мај“ во Прилеп, со вкупна површина од околу 4.500 м2. Денеска увид во градеќните работи извршија градоначалникот Илија Јованоски и директорката на ЈП ПУП, Марија Цветаноска.

 

 

 

„Пред два дена беше асфалтирана улицата „Кеј 1 Мај“ во површина од околу 500 квадратни метри. Мислам дека во текот на оваа недела ќе биде исто така асвалтирана и улицата Бранко Секулоски, или 4 Јули, која што е во должина од 800 метри и во текот на оваа и наредната недела ќе биде асвалтирана секако и артеријата на градот, улицата Александар Македонски, која што вистински претставува една артерија во градот и ми е посебно задоволство што сега ќе се асвалтира таа улица“, истакна Јованоски.

 

Јованоски потенцираше дека во исто време се вршело тампонирање на приградските улици во населбите околу градот. Исто така се уредувале и пристапните патишта до нивите во селата.

 

„Така што она што им ветивме на граѓаните дека ќе ги тампонираме сите пристапни патишта до нивните ниви, тоа го остваривме. Во иднина исто така ќе го правиме и понатаму и сите улици во градот што беа во планот за оваа година ги тампониравме. За уште неколку улици во тек е завршниот дел од тендерот за асфалтирање, т.е. рехабилитација на уште 10-тина улици во градот, така да мислам дека до крајот на оваа година ќе биде реализирано се што беше планирано за оваа година“, додаде Јованоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien