Прилепчанец пронајден починат во река

Вчера околу 16,00 часот било пријавено дека на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат О.Н. (67) од Прилеп.

 

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien