ВИДЕО – Сугарески : Општините да аплицираат со проекти за да може Владата да им помогне со дополнителни средства

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска од Прилеп упати апел до градоначалниците да аплицираат со проекти не само до Министерството за транспорт и врски туку и до Министерството за локална самоуправа и Дирекцијата за рурален развој за да тие на тој начин како Влада им помогнеле со дополнителни средства во реализацијата на инфраструктурните и други проекти во општините.

 

 

 

 

„Морам да потенцирам дека од она што како активност во моментов се одвива во општините, планираме дополнително да го зајакнеме со новите кредитни линии кои што Министерството за транспорт и врски ќе ги добие идната година од Европската инвестициона банка, во делот на водоводи и канализации во висина од 50 милиони евра. И онаа информација која што е помината на Влада, а која се однесува се разбира на изградбата на локални патишта од 70 милиони евра и на тој начин во голема мера покрај основните буџети кои ги имаат општините ќе може се разбира и државата да помогне во изградбата на тие патишта“, истакна Сугарески.

 

Сугарески рече дека денеска остварил работна средба со претставници од локланата самоуправа на Прилеп на која што разговарале за сите проекти кои што ги форсира Владата на Македонија заедно со општината.

 

„Денес сме тука да извршиме увид во градежните работи на улицата „Алексдандар Македонски“ која што во мометов се работи, очекуваме во наредните  неколку дена од страна на ЈП „Македонија пат“ комплетно да биде асфалтирана се со цел на крајот граѓаните да имаат бенефит. Паралелно Министертсвото за транспорт и врски работи во проектот во Големо Коњари, во активност заедно со локалната самоуправа ни е да продолжиме со изградба на патот кон вештачкото езеро во текот на наредната година. Преку декадата на Ромите од страна на Министерството беа одредени средства за ромската населба Тризла 2, каде што локалната самоуправа треба да има сериозни активности таму, а активности ќе имаме и во делот на населените места“, додаде Сугарески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien