ВИДЕО – Јованоски : Деновиве ќе се асфалтираат улиците „Александар Македонски“ и „Кеј 4 Јули“

Продолжува асфалтирањето и уредувањето на патната инфраструктура во Општина Прилеп. Деновиве ќе се асфалтираат улиците „Кеј 4 јули“ и „Александар Македонски“. Претходно се асфалтираа улиците „Кеј 1 Мај“ и „Кеј 9 Септември“.

 

 

„Го информирав министерот за она што инфраструктурно се работи во нашата општина. Пристапните патишта се тампонирани во голем дел на околните села во Општина Прилеп, приградските улици каде што имаше потреба, пред 2-3 дена се асфалтираа и улиците „Кеј 1 мај“ и „Кеј 9 септември“. Од утре започнува асфалтирањето на улицата „Кеј 4 јули“, а исто така ќе се асфалтира и улицата „Александар Македонски“. Се прават и други проекти за сите улици кои треба да се асфалтираат во наредниот период“,истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien