ВИДЕО – Навреме се отворени сите гласачки места во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени, гласањето тече во мирна атмосфера

Утрово навреме се отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп, каде денеска 64.309 граѓани со право на глас се изјаснуваат на прашањето од референдумот „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот Република Македонија и Република Грција“.

 

 

 

 

Според претседателката на ОИК, Каролина Шукуроска, засега гласањето се одвива без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.

 

Инаку во Прилеп вчера од 142 пријавени, гласале 119 болни и изнемоштени лица.

 

„Се наоѓаме на избирачко место 1403 гласањето е отворено точно во 7 часот, на ова иизбирачко место право на глас можат да остварат 761 гласач. Избирачкиот материјал е во ред, како што оставивме вчера така и денеска го најдовме“, вели Ангелка баракоска, претседател на ИМ 1403.

 

„На избирачкото  место 1404 се запишани 684 гласачи, очекуваме референдумот да започне и да трае во фер атмосфера без никакви проблеми“, кажа Виданчо Николоски, претседател на ИМ 1404.

 

Гласањето започнало навреме и засега се одвива во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.

 

Во Крушево на 22 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 7933 лица. Во Кривогаштани на 13 избирачки места ќе гласаат 4.740 гласачи, а во општина Долнени на 40 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 11.580 гласачи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien