Излезеноста во Прилеп до 18.30 часот 35.07 %

Според ДИК до 18.30 часот во Прилеп гласале 35.07%.  64.309 граѓани во Општина Прилеп денеска имаа можност да се изјаснат на прашањето од референдумот „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

 

Инаку утрово навреме беа отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп и навреме беа затворени во 19 часот. Засега според ОИК гласањето се одвивало без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.

 

Во Крушево до 17 часот излегле 35.96% од граѓаните со право на глас. Во Кривогаштани процентот на излезеност е 20.42%, а во општина Долнени до 17 часот гласале 31.5% граѓани. Гласањето се одвивало одвивало во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien