ВИДЕО – Излезеноста во Прилеп до 9 часот 3,41%

Излезеноста во Прилеп до 9 часот, на референдумот на кој граѓаните гласаат по прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, според ОИК е 3.41%.

 

 

Во Крушево до 9 часот излегле 246 лица или околу 3% од граѓаните со право на глас. Во Кривогаштани процентот на излезеност е 1.47%, а во општина Долнени до 9 часот гласале 177 граѓани.

 

Инаку утрово навреме беа отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп, каде право на глас имаат 64.309 граѓани.

 

Според претседателката на ОИК, Каролина Шукуроска, засега гласањето се одвива без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.

 

Инаку во Прилеп вчера од 142 пријавени, гласале 119 болни и изнемоштени лица.

 

Гласањето започнало навреме и засега се одвива во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.

 

Во Крушево на 22 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 7933 лица. Во Кривогаштани на 13 избирачки места ќе гласаат 4.740 гласачи, а во општина Долнени на 40 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 11.580 гласачи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи