ВИДЕО – Започна учебната година за 800 студенти, од кои 200 се бруцоши, на Економскиот факултет во Прилеп

Економскиот факултет од Прилеп денеска ја прими новата 58-ма генерација на студенти кои наредните 4 години ќе се стекнуваат со знаења од областа економската наука, менаџментот, бизнисот и информатичките технологии. Новиот декан на факултетот проф. д-р Драгица Оџаклиеска, која го замени професорот Ѓорѓи Манчески, истакна дека Економскиот факултет веќе 6 децении е респектабилна обрарзовна установа од својата бранша. Најатрактивни моментално биле студиските програми за сметководство и финансии и банкарство и фиинансии, а уписните рокови се уште биле во тек. На Економскиот факултет во Прилеп има над 800 студенти, од кои 200 се бруцоши.

 

 

 

 

„Економскиот факултет е факултет кој што 6 децении континуирано ги развива своите потенцијали вградубвајќи ги достигнувањата на економската наука во едукативниот процес. Студиските програми на факултетот се атрактивни и прилагодени на потребите на стопанството, а наставниот кадар е целосно посветен на усовршување на знаењата на студентите со примена на најсовремени наставни методи. Нис сме отворени за соработка и со стопанството и со бизнис заедницата. Соработката ја реализираме преку бројни предавања на експерти и професори. Како и презентации на добри деловни практики и искуства од страна на претставници на бизнис заедницата“, истакна новиот декан на Економскиот факултет во Прилеп, проф.д-р Драгица Оџаклиеска.

 

 

 

 

Ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Сашо Коруноски, рече дека Универзитетот на сите студенти ќе им овозможел стекнување на добри знаења и успешна кариера.

 

„Сите оние студенти кои ни го довериле своето образование во наредните 3 или 4 години ќе бидат задоволни од трудот и напорот на целиот кадар на Унииверзитетот и дека ќе ги постигнат зацртаните цели. А тоа една успешна професионална кариера која ќе им овозможи градење на една просперитетна држава. Ние како Универзитет често зборуваме дека сме општествено одговорни како јавен унииверзитет, било тоа да е преку образованието на кадри, но и поврзувањето со другите институции, како бизнис и небизнис секторот. Затоа треба заеднички да направикме овие млади луѓе да ја добијат заслужената перспектива“, кажа, Ректорот на Универзитетот „св. Климент Охридски“ – Битола, проф.д-р Сашо Коруноски.

 

 

Заменик министерот за образование, Петар Арсов, кој присуствуваше на почетокот на новата студентска година во Прилеп рече дека во моментов поголем дел до студентите својата идинина ја гледале во странство, а дека нивината цел била преку квалитетно образование тие да се задржат дома. Инаку со новиот закон за високо образование 1 октомври се врати како датум за почеток на студентската година, наместо како што беше во последниве речиси 10 години на 15 септември.

 

„Се надеваме дека сите оние концепти кои се внатре во законот полека ќе станат реалност и стварност. На Битолскиот универзитет иима над 3.600 нови студенти бруцоши и на сите нив им ја честитаме новата студентска година со желба виското образование да стане расадник на млади луѓе кои ќе не водат напред, коин еден ден ќе ги превземат своите обврски за да Македонија стане едно просперитетно општество. Јавниите универзитети имаат поддршка преку буџетот на Македонија и секако може да се вложува дополнително затоа што и во инфраструктурата и во наставата и во сето она што значи студентскии живот и секојдневие има простор за подобрување на тој квалитет. Студентите се популација кои во овој момент најчесто сонуваат своите кариери да ги поминат некаде на други простори, а наша главна политичка цел е на младите денес да им овозможиме што подобар развој и што е можно подобро и поквалитетно образование за да останат тука. А и оние најдобрите кои се надвор да ги вратиме. Државата може многу да помогне и секако преку професорите, преку студентите заедно да ја градиме Република Македонија“, изјави заменик министерот за образование, Петар Арсов.

 

 

Студентите на Економскиот факултет со големи надежи за исполнување на својата кариера кога ќе го завршат факултетот.

 

„Како тековен претседател на студентскиот парламент на сите бруцоши им посакувам топло добредојде во ова академска година ии се надевам дека сите заедно ќе бележиме голем број на успеси и ќе се надоградуваме се со една единствена цел нашето знаење понатаму да го истакнеме на деловен план. Моите планови се по завршувањето на овој факултет да се вработам во една од приватните компании. Сметам дека во нашата држава има голем број на работни места каде што се гледаат потенцијалите на добрите студенти, а се надевам дека понатаму ќе основам и сопствена компанија“, рече Ивана Сурлаџиоска, претседател на студенсткиот парламент.

 

„Имаме практична настава, но мислам дека таа може да се подобри, како што е мојот смер маркетинг-менаџмент сигурно дека се гледам на некоја подобра позиција, и се гледам во моја фирма“, рече Ѓорѓијан Стојаноски, студент.

 

 

Градоначалникот Јованоски рече дека бизнис секторот преку инвестиции во средните училишта и факултетот можат да учествуваат во подготовката На идните стручни кадри во Прилеп.

 

„Општина Прилеп и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме во тесна соработка со Економскиот факултет и секогаш ќе бидеме на страната на студентите затоа што тие се иднината на Прилеп и Македонија. Ние во сите заеднички средби со стопанствениците од нашиот град го коментиравме тоа да тие учестуваат со свои средства и во средните училишта и во факултетот. Да даваат стипендии за да на таков начин учествуваат во подготовката за идните стручни кадри во нашиот град“, истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

Вупно на Универзитетот Свети Климент Охридски има 8.500 струденти од кои 1.300 се бруцоши, запишани на 11 факултети.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien