ДИК: Гласале 666.743 граѓани- 91,46 отсто „за“, а 5,65 „против“

Вкупно 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните 1.806.336 во Избирачкиот список гласале на вчерашниот референдум , соопшти денеска ДИК по обработени 100 отсто од избирачките места.

 

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти.

 

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список.

 

Извештајот од ДИК  ќе биде објавен во Службен весник во рок од 15 дена, а ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб страната на Комисијата. 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien