Русија го испорача противвоздушниот ракетен систем С-300 во Сирија, Израел ќе продолжи да напаѓа

Руското министерство за одбрана истакна дека веќе ги испорача првите системи од противвоздушниот ракетен систем С-300 во Сирија, по инцидентот во кој сириската противвоздушна одбрана собори руски авион Ил-20 со 15 офицери во него, мислејќи дека се работи за израелски ловец.

 

Рускиот министер Сергеј Шојку на состанок со претседателот Владимир Путин и членовите на Советот за безбедност на Русија соопшти дека во Сирија се предадени 49 единици во склоп на испораката на С-300 системот, со цел да се зголеми безбедноста на руските војници во Сирија.

 

Во период од 3 месеци сириски експерти ќе бидат обучени да ги користат ракетните системи С-300, а работата на воспоставување на единствен систем на контрола на противвоздушна одбрана во Сирија ќе биде комплетиран до 20 октомври.

 

Израел пак соопшти дека ќе продолжи со воздушни напади врз цели на проиранските групи на сириска територија и покрај тоа што Русија на Сирија достави противвоздушен рекетен систем С-300.

 

„Не можам да кажам дека се радуваме на пристигнувањето на системот С-300 во Сирија, но Израел нема избор и мора да ги штити своите животно важни интереси и не може да прифати никакви компромиси“, изјави израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

 

Израелците ракетираат позиции на проиранските групи, како Хезболах, кои дејствуваат во Сирија и кои повремено лансираат ракети кон Израел. Израел стравува дека Иран ќе продолжи да врши напади врз израелска територија од Сирија користејќи помодерно оружје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien