Босанско село им забрани влез на политичарите пред избори

Жителите на босанското село Подгора истакнаа транспаренти на влезот во селото преку кои им порачуваат на политичарите дека не се добредојдени.

„Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, пишува на транспарентите, поставени во пресрет на општите избори во државата кои треба да се одржат во недела, објави Франс-прес.

 

Селото Подгора се наоѓа во близина на Сараево и има околу 700 жители.

 

Инаку Босна и Херцеговина в недела ја очекуваат уште едни општи избори на кои граѓаните на државата ќе бираат претставници на трите нивоа на власт. Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien