ВИДЕО – Во недела ќе се одржи големиот меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој“

Недела со почеток во 10 часот во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп ќе се одржи меѓународниот турнир во џудо „Прилеп град херој“ кој го организира џудо клубот „Сеишин“ од овој град. На турнирот ќе учествуваат спортисти од Србија, Грција, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Турнирот се одржува веќе 10 години по ред.

 

 

 

 

„Денес џудо клубот Сеишин има два јубилеи, едниот 15 години од постоењето на џудо клубот, другиот 10 години од организирањето на турнирот, кој веќе доби меѓународни рамки. Во врска со јубилејот сакам да го поздравам основачот и прв претседател, господинот Кире Милошески, кој е присутен тука, кој ја започна оваа активност и ние се надевам дека во иднина доследно ќе ја работиме понатаму“, изјави  Дејан Ширкоски, претседател на ЏК СЕИШИН Прилеп.

 

Дејан Ѓокоски, член на натпреварувачката комисија, истакна дека како и секоја година така и оваа натпреварувачката комисија била спремна во целост за спроведување на овој турнир. Се работело по новиот систем на МЏФ, каде комплетно ќе одело електронски работата на семафорите и следењето на натпреварите.

 

„Возрасните категории се поделени во две старосни категории, значи имаме помлади пионери и пионерки, како и кадети и кадетки. Најавени досега до овој момент имаме два клубови од Србија, два клубови од Грција, два клубови од Бугарија, два клубови од Косово, еден клуб од Албанија, еден клуб од Црна Гора и десет клубови од Република Македонија. Очекуваме потврди уште од неколку клубови, со што мислам овој турнир, оваа година се очекува да биде еден од најмасовните досега. Условите во кои ќе се одржи ќе бидат добро наместена сала со три или евентуално четири татани, во зависност од потребата. Друго што сакам да истакнам, обезбедени се медали, пехари, дипломи и благодарници, исто така и парфеми од една парфимерија, која ни е спонзор на самиот клуб. Натпреварите ќе се одвиваат по стандардниот дуплер апасаж и мислам дека нема да има проблем околу тоа.  Исто така сакам да напоменам дека судиите се комплетно спремни, дел од судиите ќе бидат од странските држави кои ќе носат со нив по еден судија и нашите домашни судии кои се акредитирани во Џудо федерацијата на Република Македонија“, исткна Дејан Ѓокоски, член на натпреварувачката комисија.

 

Тренерот Дејан Мицкоски истакна голема благодарбност до спонзорите на турнирот, Агенцијата за млади и спорт, Македонската џудо федерација, Македонскиот олимписки комитет и Општина Прилеп.

 

„Прво имаме 3 старосни категории, односно помлади пионери, пионери и кадети. Во секоја старосна категорија има по 10 тежински категории. Значи некаде 30 во машка и 30 во женска, што значи 60 тежински категории на натпреварувачи. Ќе имаме квалитетни натпреварувачи од државите што ги најавивме, затоа што секоја година, како што гледаат, масовноста и квалитетот на турнирот, доаѓаат со се поквалитетни натпреварувачи кај нас. Џудо клубот Сеишин од Прилеп е формиран точно пред 15 години, затоа денес славиме јубилеј. Формиран е во 2003 година од страна на организационен одбор, како што напомена сегашниот претседател, првиот претседател е господинот Кире Милошески и првиот тренер на клубот е Горан Мицкоски. После тоа клубот е преземен од други помлади стручни кадри, кои што оттогаш па наваму, и последните 10 години, нашиот клуб е на првите три места на севкупниот пласман во Македонија, значи прво, второ, трето, тука сме со неколку до најдобрите клубови од Македонија“, истакна тренерот Мицкоски.

 

Според Мицкоски џудо клубот Сеишин досега  имал освоено 750 медали.

 

„Ова е една голема бројка копја ја имаат освоено нашите членови, од домашни и меѓународни првенства, а последниве две години имаме и медали од балканските првенства, трети и втори места. Полека но сигурно напредуваме, се надеваме на повисоко место сега прво за прво место на Балканско, а потоа согласно нашите достигнувања, да почнеме и со учества на европски купови, па и со освојување на медали. Значи крајните цели на сите спортисти се олимписка норма и ние тука сме ентузијасти“, додаде Мицкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien