Светски ден на животните: Во еден ден исчезнуваат од 50 до 150 видови

Денеска се одбележува Светскиот ден на животните, кој за првпат е одбележан на 4 октомври 1931 година на конвенцијата на еколози во Фиренца, за да се предупреди светот на загрозените животински видови и нивната лоша состојба во различни делови на светот.

 

Во тоа време овој ден се прославуваше како Свети Франциско Асишки, светецот кој е заштитник на животните и животната средина. Со текот на времето овој ден го загуби своето религиозно значење и веќе одамна претставува празник за сите љубители и заштитници на животните без разлика на верата и нацијата.

 

Со текот на времето прерасна во настан посветен за грижа на сите животни. Овој ден се одбележува во 68 земји ширум светот, првенствено за да се предупреди на проблемите со животните и да се подигне свеста во јавноста за односот на луѓето кон животните, во однос на фактот дека токму луѓето најмногу ги загрозуваат. Но и да се подобри односот кон животинските видови ширум светот, обезбедувајќи поддршка од поединци, групи и организации што се грижат за животните.

 

Заштитниците на животни предупредуваат дека и во најразвиените држави во светот со уредено законодавство постојат „срамни исклучоци на загрозување животни“ и наведуваат примери за шпанската корида, како и англиската традиција за лов со кучиња, што е забранета.

 

Според податоците на Меѓународната унија за зачувување на природата, на Земјата има повеќе од 40.000 загрозени видови животни, а секојдневно изумираат од 50 до 150 видови животни. Помеѓу видовите на животни кои се наоѓаат пред изумирање се морските желки, горилите, големите панди, китовите, слоновите, носорозите и тигрите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien