ВИДЕО – Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија

Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија. ЈКП „Комуналец“ соопшти дека според извештаите на Министерството за животна средина и Пакомак Прилеп селектирал отпад колку сите други градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје. За разлика од лани селекцијата била зголемена за 10%. Месечно се селектирале над 70 тони хартија, 10 тони пластика и 4 тони најлон кеси.

 

 

 

 

„Годишно тоа се некаде од 2 до 3.000 тони, замислете плус 2 во метри кубни, колку со тоа би се оптеретила нашата депонија и колку со тоа бии се загадила животната средина. Ние тоа не го депонираме, го селектираме, го пакуваме и го продаваме на претпријатијата што вршат откуп, а потоа тие до претпријатијата што вршат рециклирање“, истакна Звонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“.

 

Прилеп е единствен град во Македонија каде 70% од територијата на градот е покриена со примарна селекција која се врши така што секое домаќинство добива бесплатно по две корпи за селекција. Досега биле поделени над 19.000 вакви корпи, за 100% покриеност на градот требало да се набават уште 6.000.

 

„Имаме поставено низ градот околу 500 пунктови со метални контејнери за хартија и пластика, исто така и пред сите поголеми продавници“, рече Диме Велески, раководител на одделението за селекција.

 

По повод пак недела на детето воспитувачките во градинката „Гоце Делчев“ во Прилеп, во соработка со ЛАГ Агро Лидер и извидничкиот одред „Феникс“ приредија вистинско шоу и едукација за најмладите околу селекцијата на отпад носејќи фустани од рециклирачки материјали.

 

„Како финална активност ни беше едно фешн шоу од рециклирачки материјали, пропратено со малку глума, за да има биде интересно на дечињата“, рече Лидија Стојаноска, воспитувач во градинка „Гоце Делчев“-Прилеп

 

„Особено ми е драго, исто така да кажам, дека овој успешен настан нема тука застане, туку ќе продолжи и понатаму, се надевам со други проекти и други активности“, вели Даниела Цветаноска, ЛАГ Агро Лидер.

 

„Целта на нашиот проект е на најмалите да им вградиме навика за рециклирање и селектирање на отпадот, за понатаму да продолжат и како возрасни личности да се грижат за нашата животна средина“, кажа Ивана Сурлаџиоска, извиднички одред „Феникс“.

 

Освен во градот „Комуналец“ започнал со делење на корпи за селекција и во 12 села. Инаку примарната селекција на отпадот во Прилеп се спроведува околу 10 години.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien