Доделена Нобеловата награда за мир

Нобеловата награда за мир за 2017 година ја добија гинекологот Денис Муквеге, кој ги третира жртвите на сексуално насилство во Демократската Република Конго и Надја Мурад, јазидската активистка за човекови права, поранешна сексуална робинка на Исламската држава во Ирак.

 

Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека наградата е признание за ,,нивните напори да се стави крај на употребата на сексуалното насилство како оружје во војна и во оружени конфликти”.

 

Муквеге ги лечи жртвите од сексуално насилство во Конго и раководи со болницата Панзи во градот Букаву на истокот од земјата. Клиниката е отворена во 1999-та и годишно тука доаѓаат илјадници жени.

 

,,Муквеге пред се е обединувачки симбол, на национално и меѓународно ниво, на борбата да се стави крај на сексуалното насилство во војна и оружени конфликти”.

 

Надија Мурад го застапува јазидското малцинство во Ирак, бегалците, како и женските права глобално. Таа беше заробена во 2014-та година и ја силуваа џихадистите од Исламска држава во Мосул.

 

„Мурад, и самата жртвa на воените злосторства, одбива да го прифати социјалниот кодeкс кој бара жената да остане тивка и застрамена поради злоупотребите на кои била подложена. Таа покажа невообичаена храброст раскажувајќи го сопственото страдање и зборувајќи за доброто на другите жртви“.

 

Претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсен, им оддаде почит на двајцата добитници, истакнувајќи дека тие “ја ризикуваат својата лична сигурност, храбро борејќи се против воениот криминал и барајќи правда за жртвите”.

 

Како дел од наградата се доделуваат и 1.1 милион долари, кои ќе им бидат врачени на 10 октомври во Осло.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien