Исчезна шефот на Интерпол по патување во Кина

Француските власти отворија истрага, откако претседателот на меѓународната агенција за полициска соработка Интерпол, Менг Хонгвеј беше пријавен за исчезнат по патувањето во неговата родна земја Кина.

 

Исчезнувањето на Хонгвеј, поранешниот заменик министер во кинеската влада и сегашниот претседател на Интерпол, го пријавила неговата сопруга откако тој минатата недела отпатувал за својата родна Кина. Оттогаш, од него нема ни трага ни глас.

 

Менг Хонгвеј во ноември 2016 година е избран за претседател на Интерпол, меѓународното тело кое ѝ помага на полицијата ширум светот во истраги за кои е потребна соработка на полицијата од повеќе земји.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien