„Казимир и Каролина“ – новата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп

Во вторник, 09.09.2018, театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе ја има својата најнова премиера „Казимир и Каролина“. Режијата е на Нела Витошевиќ, а претставата е работена по текст на Еден Фон Хорват. Од театарот информираат дека „Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа. Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга, оваа претстава ја исцртувала изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа, како и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата, статусот и слично.

 

„Затскриен зад светликавите рингишпили, тезгите со сладолед и храна меѓу кои се случува дејството на оваа претстава, изобилството од алкохол и општата еуфорија која владее на Октоберфест,ова е всушност еден брутален и безмилосен светна малодушност и банално секојдневие, свет во којшто човековите копнежи и соништа во целост зависат од материјалното. Луѓето го губат тлото под нозете и нивната борба за некакво упориште е осудена на неуспех. Во такви услови, само од себе се наметнува прашањето – какви шанси има љубовта, иако авторот Еден фон Хорват како поднаслов ја ставил максимата „А љубовта сепак трае“. Таа дилема ја потврдува и Казимир, единствениот кој одбива да учествува во сеопштото лудило и еуфорија, велејќи – „трае, додека не добиеш отказ“. Духовната и морална криза кои ги наметнува општеството, ги кршат соништата на поединецот и на колективот. Оваа претстава содржи очигледни алузии на нашата денешна реалност и недвосмислено го отсликува духот на нашето време“, велат од театарот „Војдан Чернодрински“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien