Хан: Не е време за избори, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието

Не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан наведувајќи дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот премиер Зоран Заев.

 

„Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година“, вели Хан.

 

Хан смета дека во Парламентот може да се обезбеди двотретинско мнозинство.

 

„Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај како можат да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното“, истакнува евокомесарот Јоханес Хан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien