Јани Бојаџи потврди: Во мојот дом имаше претрес – татко ми е приведен!

Режисерот Јани Бојаџи ја потврди информацијата која Економски Лидер ја објави утринава, дека во неговиот дом во Струмица полицијата вршеше претрес.

 

Бојаџи потврди дека во домот на неговите родители во Струмица е извршен претрес, а неговиот татко Андони е донесен во Скопје и приведен од страна на полицијата во полициската станица во Гази Баба.

 

„Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!“ напиша Бојаџи на Фејсбук.

 

Бојаџи претходно ја обвини власта дека врши секаков притисок со цел да го запре прикажувањто на неговиот филм „Ругање со Христос“, кој вечерва ќе ја има премиерата во кино Милениум.

 

 

Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко…

Posted by Jani Bojadzi on Friday, October 5, 2018

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien