Прилеп го очекува вистински спектакл – Фестивалот „Со Марко на улица”

Поврзувачките нишки на фестивал „Со Марко на улица” се современите уметнички текови, модерните технологии и клучниот процес за нашата идејна замисла, односно реактуализацијата на лицa и дела, за кои сметаме дека се впишани трајно во широко разбраното мултинационално културно, односно народно наследство, а потекнуваат, или се поврзани со градот Прилеп и регионот.

 

 

 

 

Реактуализацијата како процес обезбедува одржливост и континуитет на целокупното културно наследство, доколку се искористат соодветни медиуми и техники за негово модерно и интерактивно прикажување, односно платформа за негова субверзивна анализа и можност да се претстави повторно како актуелно, атрактивно и секако, разбирливо и достапно за новите генерации, кои ќе имаат реална и опиплива можност од блиску да се запознаат со творештвото на една фасцинантна личност, запамтувајќи ја притоа како својот нов урбан херој.

 

 

Очекувајте наскоро…

Posted by Центар за современа ликовна уметност – Center for contemporary art on Sunday, September 23, 2018

 

 

Првата тематска инспирација за новиот прилепски фестивал не е случајна, а причини за да се занимаваме со урбаната верзија на Марко има многу: самоук интелектуалец, љубител на модата и пишувањето, необразован, а активен корисник на сите балкански јазици, интердисциплинарна, мултукултурна и мултинационална собирачка дејност, поврзувачка улога во градењето на заеднички национален идентитет, преку бележењето на народното наследство на сите етнички групи, автор на една од најинспиративните приказни за деца (Силјан штркот), визуелен изглед кој идеално може да се впише во денешните естетско–популарни критериуми…

 

 

 

 

Организатор: Центар за современа ликовна уметност Прилеп (ЦСЛУ Прилеп)

Звонко Димоски – идејни решенија и проектен координатор

Горан Ристески – коорганизатор

Јана Јанеска Ристески – програмски соработник

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Општина Прилеп.

 

 

ПРОГРАМАТА НА ФЕСТИВАЛОТ :

 

 

Кликни на сликата за поголема верзија
Кликни на сликата за поголема верзија

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien