Битолчанец тешко повреден по пад со параглајдер во Крушево

Битолчанецот С.М.(47) бил тешко повреден по пад со парглајдер вчера во близина на крушевското село Острилци.

Според полицијата околу 15.50 часот во ПС Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден параглајдерист. На повредениот му била дадена лекарска помош по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

 

По извршениот разговор со С.М. е констатирано дека со повредите се здобил истиот ден, кога од Крушево полетал со параглајдер и паднал во близина на крушевското село Острилци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien