Доделена Нобеловата награда за економија

Американските економисти Вилијам Нордхаус и Пол Ромер се добитници на годинешната Нобелова награда за економија за нивниот труд на „долгорочниот одржлив раст на глобалната економија“, објави Шведската кралска академија на науките.

 

Нордхаус создаде модел кој помага во разбирањата на интеракцијата меѓу економијата и климатските промени, односно за интегрирање на климатските промени во долгорочна макроекономска анализа.

 

„Истражувањата на Вилијам Нордхаус покажуваат како економските активности влијаат врз темелната хемија и физика, и како резултираат со климатските промени“, објави Академијата.

 

Истражувањата на Ромер на технолошкиот напредок, пак, укажуваат на тоа дека акумулацијата на идеи создава долгорочен економски раст или, како што соопшти Академијата, за истражувањата „интегрирањето на технолошките иновации во долгорочните макроекономски анализи“.

 

Ромер е американски економист, професор на школата за бизнис при Њујоршкиот универзитет и основоположник на ткн модел Ароу-Ромер, за учење при процесот на работа. Нордхаус, пак, е економист и професор на универзитетот Јеил.

 

Нобеловата награда за економија, воспоставена во спомен на Алфред Нобел од страна на шведската централна банка во 1968 година.

 

Церемонијата на наградите на лауератите, според традицијата, ќе се одржи на 10-ти декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловите награди, шведскиот претприемач и пронаоѓач Алфред Нобел (1833-1896). Четири од петте награди, коишто тој ги воспоставил во својот тестамент, ќе бидат врачени во шведската престолнина Стокхолм. Петтата награда, согласно волјата на основачот, се доделува во норвешката престолнина Осло, исто така, на 10-ти декември.

 

Сумата на секоја од Нобеловите награди во оваа 2018 година изнесува 9 милиони шведски круни, според сегашниот курс над милион американски долари, или 860 илјади евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien