ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Само во Прилеп СДС на референдумот изгуби над 3.000 гласови споредено со локалните избори

На 30-ти народот кажа не за погубните политики од СДС! Иако на еден дрзок начин, со манипулативно прашање под превезот на НАТО и ЕУ, сакаа да го прелажат, народот покажа мудрост, достоинство, одбивајќи да биде учесник во предавството за смена на уставното име, идентитетот, историјата и традицијата. Истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Имено, само во Прилеп, СДС на овој референдум изгуби над 3.000 гласови, споредено со минатогодишните локални избори. Поточно, на овој референдум ЗА гласаа 20.451 граѓани, а на локалните 23.607, што значи овој пат СДС доби 3.156 гласа помалку од локалните избори.

 

Народот ја препозна предавничката полиитка на СДС, како на централно, така и на локално ниво. После погубниот договор со Бугарија, со кој се брише македонската историја, следуваше уште еден погубен договор со Грција, кој требаше да резултира со смена на име, идентитет, смена на учебниците по историја, додавање фусноти на македонскиот јазик, негирање на сето историско минато, традиција и култура кои се нераскинлив дел од ова парче земја.

 

Матните тендери и огромните суми разделени по блиски функционери, секојдневните милионски задолжувања кои не вродија со позитивни резултати, големите лаги за 500 евра плата, 100.000 денари за докторите, се работите кои оваа Влада им ги понуди на граѓаните!

 

За само една година народот ја препозна политиката на евтин популизам, непотизам, вработување на најблиските роднини и пријатели по партиски клуч во Општина Прилеп, УЈП и други јавни институции.

 

Прилеп кој некогаш важеше за еден од најубавите и најчисти градови во Македонија, го изгуби препознатливиот сјај гушејќи се во смрдеа, без ниту една инвестиција и отворање на нови работни места, со оштетени парковски површини и стопирани проекти.

 

Потсетуваме, да не беа започнатите проекти, а некои и речиси целосно завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе немаше локалните функционери од СДС со што да се пофалат пред граѓаните на Општина Прилеп.

 

Народот секојдневно сведочи за неспособноста на оваа влада и токму поради тоа рапидно опаѓа поддршката за злото наречено СДС.

 

Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат. Но за да се случи тоа, мора оваа влада што поскоро да замине во историјата!“, истакна од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien