ЕП отвори платформа за сведоштва за сексуално вознемирување

Од денеска се активира првиот блог на Европскиот Парламент наречен „MeTooEP Blog“, каде ќе се собираат сведочења на жртви на сексуално насилство во ЕП.

 

Блогот беше отворен утрово со пет анонимни приказни од вработени во институцијата или парламентарни асистенти, но не и европратеници и европратенички. Една од жртвите сведочи како нејзин колега ја нападнал во нејзината соба за време на службен пат, додека друга раскажува како политички советник во ЕП ја фотографирал без нејзина согласност, а потоа и ги испраќал сликите.

 

Вработените зад овој блог сметаат дека оваа платформа треба да придонесе да се прекрши „културата на молк“ во однос на сексуалното вознемирување во европскиот пратенички дом.

 

Оваа не е прв обид во ЕП за мерки против таквиот вид напади, но до сега ниту една од тие не вродила со плод.

 

Во октомври 2017 беше поднесена резолуција за борба против сексуалното вознемирување, а сведочеа и повеќе европратенички во Стразбур, но ниту еден од овие обиди не донесе резултати ниту доби некаков исход.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien