Уапсен осомничен за убиството на новинарката Маринова

Бугарија уапси осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, чие тело беше најдено во парк во нејзиниот роден град Русе, соопшти владин извор запознаен со истрагата, јавува Ројтерс.

 

„Можеме да кажеме дека осомничениот е уапсен“, изјави изворот за новинската агенција без да елаборира.

 

Медиумите во регионот излегоа со дополнителна информација, презентирана на бугарското радио, во која неофицијално се вели дека уапсеното лице е државјанин на Романија. Кај него бил пронајден молдавски пасош.

 

Портпаролката на министерството за внатрешни работи одби да коментира. Обвинителството информира дека тројца дополнителни обвинители биле испратени во Русе да ја поддржат истрагата.

 

Полицијата соопшти дека 30-годишната Маринова била брутално претепана и силувана и задавена во саботата во бугарскиот град Русе, а нејзиното тело е пронајдено во парк недалеку од реката. Истрагата е фокусирана на нејзиниот приватен и професионален живот.

 

Маринова беше уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрага за наводна корупција и злоупотреба поврзана со фондовите на ЕУ, поради што бугарските обвинители отвориле истрага и за овој случај и наводна поврзаност со нејзиното убиство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien