Франс Фудбал ги објави кандидатите за „Златната Топка“

Реномираниот француски магазин, Франс Фудбал ги откри имињата на 30-ната фудбалери кои ќе конкурираат за престижната индивидуална награда „Залтна Топка“.

 

Не секои два часа беа објавувани по петмина финалисти и сега конечно е комплетирана листата од 30 играчи кои се во конкуренцијата најдобар на планетата.

 

Кандидатите на Франс Фудбал за „Златната топка“ се: Серхио Агуеро, Алисон, Герет Бејл, Карим Бензема, Единсон Кавани, Тибо Куртоа, Кристијано Роналдо, Кевин Де Брујне, Роберто Фирмино, Диего Годин, Антоан Гризман, Еден Азар, Иско, Хари Кејн, Нголо Канте, Хуго Лорис, Марио Манџукиќ, Садио Мане, Марсело, Килијан Мбапе, Лео Меси, Лука Модриќ, Нејмар, Јан Облак, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Мо Салах, Серхио Рамос, Луис Суарез и Рафаел Варан.

 

 

Списокот од 30 кандидати го избра редакцијата на Франс Фудбал, а потоа гласаат новинари од 176 земји. Тие гласаат за петмина играчи каде што првиот добива шест поени, вториот четири, третиот три, четвртиот два и петиот еден поен.

Изминативе десет години оваа награда ја делеа Лео Меси и Кристијано Роналдо, кои имаат по пет „Златни Топки“. Mинатогодишен победник и бранител на трофејот е Португалецот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien