ВИДЕО – Крводарителска акција по повод 11 Октомври во Прилеп

Во домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп,  по повод празникот 11 Октомври се одржа традиционалната крводарителска акција. Акцијата се одржува веќе над 15 години. Според лекарите на овие акции се собирале од 30 до 50 единици на крв. Акцијата ќе биде отворена до вечер.

 

 

„Овој ми е 28 пат како дарувам крв. Пред многу години, кога се вработив во противпожарната единица почнав да давам крв, сигурно има 20 и повеќе години. Инаку редовно давам крв, без разлика дали се работи за традиционална крводарителска акција, или најмалку 2 до 3 пати во годината. Со крводарувањето започнав уште како средношколец, после продолжив кога служев армија, па во студентските денови, па во армијата и така сега традиција ми остана и мислам дека тоа е добро, се прочистува крвта и самиот организам, а исто така е и хумана работа, затоа што ќе спасите човечки живот, односно крвта ќе ја добие тој што му е стварно потребна“, рече Јован Аврамоски, крводарител.

 

„Крв дарувам чисто од хумани причини. Сега се започна уште од средношколските денови и се уште треа. Кога има крводарителски акции учествувам на нив. Давам еднаш до два пати годишно, досега имам 7-8 пати дадено крв. Убаво е да се дава крв, бидејќи не се знае на кого би му била потребна, во кој момент, кога и која крвна група би можела да спаси живот“, кажа Александар Секулоски, крводарител.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien